23 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАУтре почнува првиот интернационален самит за фото и видео

Утре почнува првиот интернационален самит за фото и видео

Во градот на реката Дрим, утре почнува интернационален самит за фото и видео, што е прва ваква манифестација кај нас. Струга два дена (до 13 април) ќе биде домаќин на врвни меѓународни професионалци, практичари и теоретичари од Полска, Франција, Русија, Португалија и Македонија.

Преку Првиот меѓународен самит за фотографија и видеографија, Македонија конечно ќе се појави на мапата на светски реномирани случувања во светот на овие дигитални уметности и бизниси. Организатори на настанот се “Ангеловски Фтографија” од Македонија и “Грег Момент Фотографија”.

Самитот ќе има едукативен и изложбен карактер, збогатен со содржини од областите на видео продукција, како и модната, уличната и новинарската фотографија.

Во рамки на триденевниот Самит, учесниците ќе имаат можност да следат предавања и работилници од врвни, меѓународно признати и докажани професионалци, практичари и теоретичари. Своите совети, искуства и пристапи ќе ги споделат Грег Момент (Полска) и Дејвид Бренот (Франција) во делот на свадбена фотографија, Димитри Усанин (Русија) во делот на свадбена и семејна фотографија, Серџо Дуарте (Португалија) и Бојан Митковски (Македонија) во делот на кинематографијата, Роџер Тан (Малезија) во делот на свадбена и портрет фотографија, Ани и Дими (Македонија) во делот на портрет и модна фотографија, Томислав Георгиев (Македонија) во делот на улична фотографија и Роберт Атанасовски (Македонија) во делот на новинарска фотографија.

За да биде повозбудливо, иновативно и креативно, во рамки на тридневната агенда, на учесниците ќе им бидат презентирани најновите технолошки и дигитални производи и достигнувања, претставени од компаниите и партнерите кои ја помагаат реализацијата на Самитот: Pix+, I-Style, Wacom, Nikon, Canon,Sony, Sigma, Smart Solution, Inter Foto, Polyesterday.

Ова инспиративно дружење ќе заврши со натпревар по фотографија на кој учесниците ќе можат да ги пријават и изложат своите фотографии кои ќе бидат оценувани од стручно жири, составено од говорниците и презентерите на самитот.

“Ангеловски Фотографија” и “Грег Момент Фотографија” ги повикуваат сите професионални, полупрофесионалци, аматери и почетници, фотографи и видеографи од Македонија и регионот да бидат дел од овој незаборавен настан и помогнете да прерасне во традиционална платформа за вмрежување и споделување знаења, техники и искуства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП