5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо кои земји се пие најмногу кафе и чај?

Во кои земји се пие најмногу кафе и чај?

Во Финска се пие најмногу кафе, а во Турција најмногу чај. Ова станува јасно од извештајот на Меѓународната организација за кафе, цитиран од „Telegraph“.

Британското издание пишува дека потрошувачката на кафе во Финска достигнува до 12 кг годишно, додека во Норвешка и Исланд таа е 9,9 и 9 кг.

На врвот се уште Данска и Холандија, каде се пие во просек по 8.7 и 8.4 кг, додека во Шведска потрошувачката изнесува 8.2 кг.

Првите десет се дополнуваат со Швајцарија (7,9 кг), Белгија (6,8 кг), Луксембург и Канада со 6.5 и 6.2 кг.

Турција ја зазема челната позиција во светот кај најголемите корисници на чај. Податоците покажуваат дека годишно во просек во земјата се трошат 3,15 килограми чај на човек наспроти 2.19 кг во Исланд и 1.94 кг за САД.

Во топ 5 се уште Русија и Мароко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП