16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Лондон има најмногу најбрзо растечки компании во Европа

Во Лондон има најмногу најбрзо растечки компании во Европа

Лондон е европската престолнина со најбрзо растечки компании, претекнувајќи градови како Париз, Милано и Берлин. Ова ја нагласува важноста на Лондон како центар за иновации и трговија во Европската унија (ЕУ), додека Велика Британија се подготвува да го напушти блокот.

Новата оценка на „Financial Times Тоp 1000“ на европските компании со најсилен раст на продажбата меѓу 2012-та и 2015-та година, изготвена во соработка со „Statista“, покажува дека 78 од компаниите се базирани во Лондон. По британската престолнина е Париз со 45 компании, Милано со 34 и Берлин со 32.

„Има многу млади динамични компании во Лондон, само треба да поминете низ „Old Street“ (јадрото на лондонскиот еквивалент на Силиконската долина) за да ги видите“, вели Хенри Лоусон, менаџер на британскиот фонд за помали компании кон „Royal London“. Тој додава дека пристапот до капитал го поддржал корпоративниот раст.

Двете најбрзо растечки компании – „HelloFresh“, компанија за испорака на храна базирана во Берлин, и „Codewise“, технолошка компанија од Краков, Полска ги зголемија приходите со над 13.000 проценти во периодот. И двете компании се основани во 2011-та година, додека просекот на компаниите во листата биле лансирани во 2004-та година.

Компаниите од Германија и Обединетото Кралство доминираат на листата, а двете земји формираат вкупно 47% од бизнисите. Италијанските компании претставуваат 19%, француските – 14%, а шпанските – 10%.

Рангирањето „FT1000“ го покажува и бројот на создадените работни места и е во корист на компаниите кои се растат „органски“, а не преку купување на конкуренти.

Симон Роу, менаџер на европскиот фонд за развој во „Henderson Global Investors“, вели дека купувањето понекогаш сигнализира проблеми кога се анализира дали растот на одредена компанија може да биде одржлив. „Најочигледните предупредувачки сигнали можат да бидат зделки кои се премногу големи или превземања кои ја оддалечуваат компанијата од нејзината сфера на експертиза“, вели тој.

Лоусон додава: „Не би инвестирал во компанија, ако растот и е целосно базиран на превземања. Комбинирањето на органски раст и раст од превземања сепак им дава на акционерите две можности“ да се добие она што тие го сакаат.

Роу предупредува дека има и други сигнали за чувствителен раст кои нема како да бидат земени во предвид при пресметките кои се користат за составување на листата „FT 1000“.

За да бидат вклучени во листата, компаниите требаше да одговарат на неколку критериуми: приходи од најмалку 100.000 евра во 2012-та година, приходи од барем 1,5 милиони евра во 2015-та година, да не се подружница или филијала на друга компанија, да се базирани во една од 31-те разгледувани држави и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП