22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Трајно ниските каматни стапки носат закана за глобалниот финансиски сектор

ММФ: Трајно ниските каматни стапки носат закана за глобалниот финансиски сектор

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) изрази загриженост дека трајно ниските каматни стапки наметнуваат закана за глобалниот финансиски сектор, соопштува „Guardian“. Во новиот извештај ММФ предупредува за проблематичните банки, кои преземат повеќе ризици и за отстранување на последната плата пред пензионирање.

ММФ вели дека период на продолжени ниски трошоци за позајмување „ќе се претвори во значителен предизвик“ за финансиските институции и ќе ги принудат да направат фундаментални промени на бизнис моделите.

Иако каматните стапки неодамна почнаа да се зголемуваат во САД, ММФ вели, според искуството со Јапонија, моментален и конечен крај на тековната средина на ниските каматни стапки не може да биде загарантиран.

Во Јапонија каматните стапки се ултраниски речиси три децении, а другите развиени земји ги намалуваат трошоците за заеми агресивно во одговор на длабоката финансиска и економска криза, која започна пред речиси една деценија.

Англиската централна банка ги поддржуваше трошоците за заеми на ниво од 0,5% повеќе од седум години, пред да ги намали до 0,25% во минатиот август, што е најниско ниво во 323-годишната историја. Европската централна банка презеде сличен пристап, а претседателот Марио Драги изјави дека нема да има рано зголемување на каматните стапки за еврозоната.

ММФ вели дека средината на ниски каматни стапки ќе влијае на профитот на банките и ќе ги наметне „долгорочни предизвици за осигурување на живот и пензиските фондови со дефинирани примања“.

Фондот додава: „Помалите, финансирани со депозити, банки ќе претрпат најтешки удари што може да го зголеми притисокот за консолидација. Додека банките се обидуваат да постигнат принос дома и во странство, може да се појават нови предизвици пред финансиската стабилност на локалниот и други пазари. Овие хипотези се поддржани од искуството на јапонските банки“.

Осигурителните и пензиските фондови, најверојатно ќе треба да го зголемат капиталот, бидејќи трајно ниските каматни стапки ќе ги отежни постигнувањата на поврат, потребата за финансирање на постоечките обврски, кога трошоците за заеми биле високи.

ММФ вели дека шемите со дефиниран приход – веќе се под закана во многу развиени земји – може да станат помалку атрактивни од шемите со дефинирани придонеси, каде ризикот се презема од работникот, а не од страна на работодавачот.

Студијата тврди уште дека стареењето на населението значи помала побарувачка на кредити, но и раст на побарувачката на здравствено осигурување и осигурување за долгорочна нега. Помалите банки ќе треба да се консолидираат, а централните банкари ќе треба да внимаваат за повици за помек регулаторен режим.

„Надзорните рамки ќе треба да обезбедат стимулации за обезбедување на долгорочна стабилност наместо да падне жртва на барањата за дерегулација за олеснување на товарот на краток рок“, вели ММФ.

Според Фондот треба да се вложат напори не само за олеснување на консолидацијата на помалите банки, но и за „ограничување на преземањето на ризик и избегнување на влошување на проблемот со премногу големи за банкрот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП