23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНаштимај се, плукни и запеј – „Бјело дугме“ ќе грми во Скопје

Наштимај се, плукни и запеј – „Бјело дугме“ ќе грми во Скопје

„Пљуни и запевај моја Југославијо“, „Липе цвату“ „Ружица си била“, легендарните хитови на „Бјело дугме“, во состав на Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ, Младен Воичиќ-Тифа и уште 40 музичари, ќе бидат изведени во сабота вечер на концертот на најголемата рок група од поранешните југословенски простори.

Ветуваат неповторлив концерт за македонската публика, пред која како што велат секогаш настапуваат со оргомно задоволство. За овој настап, сцената на салата Борис Трајковски, ќе биде подготвена со највисоки стандарди.

На вчерашната прес конференција на која присуствуваа Исламовиќ и Тифа, беше најавена реприза на белградскиот концерт, што помина со големо воодушевување од тамошната публика.

„Сигурен сум дека овој концерт ќе биде за паметење, бидејќи уште додека патував, во авионот сретнав госпоѓа од Загреб, што доаѓаше во македонската метропола, само за нашиот настап“ рече Исламовиќ. Според него, членувањето во „Бjело дугме“, и на самите почетоци, и денес го доживува само како професионален предизвик.

„Кога ме повикаа да дојдам во групата, за мене тоа значеше само професионален ангажман. Ако денес ме побараат Ролинг Стонси, ќе работам со нив. Така е и за овој концерт, на кој ќе дадам се од себе, и понудата ја прифатив сосема професионално“, рече Исламовиќ.

За Тифа, концертот е и емотивно доживување, каде што старите хитови ќе бидат изведени во уште подобри аранжмани.

„Уште на самите почетоци кога мојата крв беше свежа, членувањето во „Бјело дугме“, за мене значеше потполно предавање. Сепак, чувството кое го имав на белградскиот концерт ни најмалку не се разликуваше од тоа во младоста. Очекуваме и музичка и емотивна реприза задутре во Скопје, рече Тифа. Тој го поздрави својот пријател и поранешен менаџер Велибор Џаровски, кој пак на шега му рече дека големиот хит „Липе цвату“, требал да го отпее Здравко Чолиќ, но за среќе токму таа песна Тифа го направи легенда.

Најголемата музичка ѕвезда меѓу членовите на „Бјело дугме“, Горан Бреговиќ, треба да пристигне од Софија, заедно со обемниот оркестар од 40 музичари.

Како што најавуваат организаторите на овој настан „Авалон продукција“, технички, музички и сценографски, овој концерт по ништо нема да се разликува од квалитетот на оној во Белград.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП