Истоштени од повеќемесечната двосмисленост околу тоа дали нивните работни места ќе бидат преместени или скратени, странските вработени во некои од најголемите банки во Лондон самите преземат иницијатива и сакаат да бидат вратени назад дома, соопштува „Bloomberg“, повикувајќи се на запознаени извори.
Вработени од „Citigroup“, „Goldman Sachs“ и „HSBC“ доброволно побарале да се вратат во своите земји во Европската унија, доколку има потреба дел од тимот да биде преместен по „Brexit“, велат изворите, кои побарале анонимност поради доверливоста на разговорите. Во „Societe Generale“ барем двајца трејдери веќе се вратиле дома – во Франција и Италија – поради очекувањата дека банката може да почне да ги дистрибуира вработените базирани во Лондон низ континентот, вели еден од изворите.
Глобалните банки почнаа процес на поместување на некои од базираните во Велика Британија операции кон нови или проширени трговски центри во ЕУ, откако британскиот премиер Тереза Меј го активираше официјално механизмот за излез од 28-члениот блок. Компаниите се подготват за т.н. „хард Brexit“ – загуба на нивното право да продаваат услуги слободно низ регионот од централите во „Сити“ – и сакаат да имаат канцеларии на други места пред крајот на две годишните преговори меѓу Велика Британија и ЕУ.
Извршните директори на „HSBC“ веќе спомнаа за плановите за преселба 1000 трејдери од Лондон во Париз. Откако министерот за внатрешни работи на Велика Британија Амбер Руд минатата година рече дека ќе ги принуди компаниите да откријат колку странски вработени имаат за да се запрат мигрантите да ги одземаат местата на кои Британците можат да работат, па банката добила барања од француските службеници да бидат вратени дома, вели изворот.
За банкарите причината не е безбедноста на нивните работни места. Многу од јурисдикциите, се натпреваруваат за вработените по „Brexit“, ветуваат атрактивни даночни стимулации за високоценетите лица. Француската влада застана дури и агресивно, нудејќи на некои Французи кои се враќаа и странци, намалување на даноците на доход до 50% во текот на осум години и исклучување на меѓународните имот и средства од данокот на богатството. Во февруари Италија го обелодени пакетот даночни мерки, вклучувајќи „рамен данок“ од 100.000 евра за ултрабогатите со приходи од надворешни извори (во Италија данокот на доход од над 75.000 евра е 43%).
Во „Citigroup“, која минатата недела испрати порака до британските службеници со предупредување дека некои од нив на кои позициите им се поврзани со клиентите, може да бидат преместени, а барем двајца италијански банкари се понудиле да бидат вратени во Милано, вели извор. Странските банкари во „Goldman Sachs“ која размислува за поместување на 1.000 банкари во Франкфурт, презеле сличен пристап кон менаџерите.
Порпаролите на „Citigroup“, „Goldman Sachs“, „HSBC“ и „Societe Generale“ одбиваат да дадат коментар по ова прашање.
Лондон може да изгуби околу 100.000 работни места и 20.000 во финансиската индустрија, бидејќи клиентите ќе повлечат средства од 1,8 илјади милијарди евра од Велика Британија поради „Brexit,“ тврди експертската група „Bruegel“. Според други проценки на работните места се движат од 232.000 до 4.000. Околу 45.000 државјани на други земји од ЕУ работат во финансиските услуги во Лондон, покажуваат податоците на „PwC“.