Инвестициската активност во секторот на бизнис имотите во Европа во 2016-та година го достигнаа третото највисоко ниво во историјата, пишува „Property Magazine“.
Според податоците на компанијата „Savills“ вкупниот обем на трансакции со бизнис имот достигнува 207 милијарди евра. Од компанијата истакнуваат дека иако годишниот пад е од 15% на оваа вредност за некои пазари, како Италија (25,5% раст на годишна основа), Холандија (24,4%) и Шведска (32,2%), 2016-та година се покажала најдобра за инвестициите во бизнис имот.
Падот со 31,4% во Велика Британија и падот од 8,7% во Германија се главните „виновници“ за општиот пад на годишна база, а двете земји формираат речиси 55 отсто од вкупната активност во Европа.
„Несигурноста предизвикана од референдумот во ЕУ, всушност имаше мало влијание врз континентална Европа. Веќе сме ја достигнале фазата на инвестицискиот циклус, каде што има недостиг на квалитетни средства на клучни локации, како Германија и Шпанија, што е причина активноста да забави на овие пазари, а инвеститорите бараат да го вложат својот капитал на друго место“, коментира Ери Мицостергиу, директор за европско проучвање на „Savills“.
Според податоците на компанијата Холандија, Полска и Италија се привлечни пазари, бидејќи тие се наоѓаат во рана фаза на своите циклуси и се уште нудат принос над оној на другите главни европски пазари во некои сегменти.
Велика Британија останува најголемиот пазар за инвестиции во бизнис имот во износ од 59,1 милијарди евра, следен од Германија (52,7 милијарди евра), Франција (27,4 милијарди евра) и Шведска (14,8 милијарди евра).
„Геополитичкиот пејзаж изгледа уште неизвесен во 2017-та година. Високата конкуренција за првокласни средства на главните пазари се очекува повторно да се зајакне“, коментира Маркус Лемли, извршен директор на „Savills“ – Германија.
Според него очекувањата се инвеститорите да се фокусираат на пазарите и средствата со силни основи – со ниска понуда и побарувачка, добри изгледи за раст за изнајмување, како и алтернативни средства.
Алтернативните инвестиции исто ги засилија своите позиции на многу пазари во 2016-та година, вклучувајќи во Норвешка (+ 144% на годишна основа), Франција (+ 14%), Шведска (+ 31%), Финска (+ 30%) и Германија (+ 18%).
„Мотивот за ова зголемување е дека инвеститорите го префрлаат своето внимание кон висок принос, средства со долготраен принос како студентски домови и такви од областа на здравството“, коментира уште Лемли.
„И со оглед на зголемената конкуренција за ограничената понуда на производи, ние веруваме дека географското значење ќе стане безначаен фактор и фокусот ќе се префрли кон основните средства кои генерираат принос“, додаде тој.
Даблин, Мадрид и Барселона се некои од градовите за кои „Savills“ предвиде позитивни трендови во растот на кириите на комерцијалните недвижности, додека Париз (7,6%), Даблин (6,3%), Милано (4%), Мадрид (3 , 6%), Барселона (4,7%), Стокхолм (8,3%) и Берлин (6%) се најдобрите градови за раст на кириите на канцелариски простор.
Од оваа гледна точка во „Savills“ се убедени дека европските бизнис имоти ќе продолжат да бидат мета за инвеститори кои бараат помалку средства со висок принос од оние понудените од другите класи на имот, како и за прекуграничните играчи кои бараат диверзификација и можност за профит од разликата во девизните курсеви, особено во Обединетото Кралство.