7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа пет години 37% повеќе пациенти од депресија во Македонија

За пет години 37% повеќе пациенти од депресија во Македонија

Расте бројот на лица кои страдаат од депресија во Македонија. Статистиките на Институтот за јавно здравје покажуваат дека за пет години, односно во периодот од 2010 до 2015 бројот на овие лица кои болнички се лекуваат, пораснал од 585 на 803 пациенти, што е пораст за околу 37%.

-Лицата кои боледуваат од депресија не можат да ги извршуваат професионалните обврски и како последица на тоа се доведува во прашање нивната егзистенција. Во најлош случај, депресијата може да доведе до самоубиство, вели Шабан Мемети директор на Институтот за јавно здравје.

Директорот на Институтот, Мемети вели дека е важно е да се потенцира дека иако депресијата е болест таа може да се спречи и превентивно да се третира, а со тоа и да се намали бројот на лицата кои страдаат од депресија. Најголем број од лицата кои страдаат од депресија потекнуваат од земји со среден или низок животен стандард.

-Секој петти човек развива симптоми на депресија , а 75 проценти од луѓето со голема депресија не се лекуваат. Четериесет милиони лица во регионот на Европа имаат депресивни нарушувања, а 128.000 годишно извршуваат убиство. Освен што оваа болест доведува до самоубиство, таа е и втора водечка причина за смртта во светот кај возрасната популација од 15-29 години веднаш по сообраќајните несреќи, истакна невропсихијатрот Антони Новотни.

Oдговарајќи на новинарско прашање Новотни рече дека има доволен број психијатри на Клиниката за психијатрија и дека специјализациите од оваа медицинска гранка се одобруваат. Потсетува дека седативите се полош избор од лековите против депресија.

На денешниот настан организиран од Светската здравствена организација по повод 7 Април денот на здравјето, никој од присутните не го отвори прашањето за Центрите за лекување на депресија. За потсетување, министерот за здравство Никола Тодоров пред три години најави дека ќе бидат отворени Центри за лекување на депресија во Здравствените домови низ целата држава.

Во секој Центар е предвидено да работи по еден психијатар, со цел превенција на депресијата и стигматизацијата. Потребата од вакви Центри, според надлежните беше поради како што рекоа, растечкиот тренд на депресијата во светот и кај нас за што главна причина на настанување се наведуваат псхичките и социјалните фактори од опкружувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП