19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДесетте најпродавани книги во Македонија во последните пет години

Десетте најпродавани книги во Македонија во последните пет години

Три романи на Гијом Мисо се меѓу најпродаваните книги на најголемата електронска книжарница во Македонија КупиКнига.мк.

На првото место е македонскиот автор Коста Петров со своето дебитантско дело „Се гледаме на врвот “. На второто место е книгата „Ангелски повик “ од секогаш популарниот Гијом Мисо, а третото место припадна на Лиен Мориарти за трилерот „Тајната на сопругот“.

Следни на листата се „Во врска со онаа ноќ“ на Џули Џејмс, „Ако не постои утре“ на Гијом Мисо, „Скриена во најмрачниот агол“ на Елизабет Хејнс, „Исчезната без трага“ на Шеви Стивенс, „Моќта на потсвеста“ на Џозеф Марфи, „Т.е. љ.у.б.а.м. – тоа е вистината“ на Александар Алексов и „Затоа што те љубам“ на Гијом Мисо.

„Петтиот роденден го прославуваме во исто време со Саемот на книга кој трае од 04-10-ти април и на нашите читатели им овозможивме многубројни акции и попусти. Сите оние што не се во можност да го посетат саемот на книга ќе можат да ги нарачаат омилените книги преку нашата веб – книжарница, купикнига.мк, и да ги добијат на наведената адреса во земјава и странство. За да ги направиме книгите уште подостапни до читателите, во овој период сите нарачки над 990 ден ќе добијат бесплатна испорака во Македонија“, изјави Елена Темелковска, продукт менаџер на КупиКнига.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП