2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМлади македонски писатели на средба со бугарските читатели во македонскиот КИЦ во...

Млади македонски писатели на средба со бугарските читатели во македонскиот КИЦ во Софија

Шест популарни, читани и наградувани млади македонски писатели ќе имаат средба со бугарските читатели во понеделник вечер во салонот на Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија.

Повод се нивните романи издадени во Бугарија, во текот на оваа и минатата година.

Со нивниот неспорен талент и дарба за пишување, современата македонска литература доживува вистински бум, како во Р. Македонија, така и надвор од нејзините граници.

Нивните книги се читани и преведувани. Деновиве излезе од печат и романот “Годишни времиња” од Јулијана Величковска, наскоро предстои издавање и на други двајца автори од истата млада генерација писатели – Ненад Јолдески и Игор Станојоски.

Во рамките на книжевната вечер, во присуство на авторите,Фросина Пармаковска, Вера Калин, Живко Грозданоски, Михајло Свидерски, Давор Стојановски и Петар Андоновски, свое обраќање ќе имаат книгоиздателот Пламен Тотев, преведувачот Тања Попова и директорот на Центарот во Софија, Васко Шутаров. Извадоци од романите на бугарски јазик ќе интерпретира Ѓорги Георгиев-Антика.

Проектот е инициран од Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија и финансиски поддржан од Министерството за култура. Во рамките на годишната програма на нашиот Центар во Софија, ќе бидат промовирани уште неколку изданија на наши автори во Бугарија, меѓу кои и дела на академиците Влада Урошевиќ и Луан Старова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП