22 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Дебар изложба на јапонски сликари

Во Дебар изложба на јапонски сликари

Изложба на јапонски сликари во техника Унијое графика, која своите почетоци ги има во 15 и 16 век во Јапонија, е отворена во четврток во Центарот за култура во Дебар.

Оваа техника на творење се раѓа кога животот на обичниот човек во Јапонија бил непредвидлив, несигурен и често тажен.

Изложбата ја отвори програмскиот раководител на Центарот Зинче Мимидиноски, кој нагласи дека изложбата во која се преставени 30 слики во традиционалната народна техника Унијое и обезбедена во соработка на центарот за Култура во Дебар со Културната институција Музеум линк- Скопје во рамките на активностите за вмрежување на културните национални установи во Македонија.

Изложбата на првиот ден со особен интерес беше проследена од страна на младите од дебарската гимназија, како и на граѓани. Раководителот на културната секција при гимназијата Џевит Мифтаровски изјави дека овие изложби од подалечните места се многу битни за учениците бидејќи со нив се дава можност младите подобро да се запознаат со творештвото и културата на Далечниот исток .

Во текот на оваа година во Центарот за култура во Дебар ќе бидат отворени и други изложби на локални автори, но и изложба на сликари од други градови од земјава. Се планира и една заедничка изложба на сликари од Дебар и соседниот албански град Пешкопеја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП