26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: Будуќност избори мајсторка против Црвена звезда

АБА: Будуќност избори мајсторка против Црвена звезда

Будуќност избори мајсторка против Црвена звезда во полуфиналето на плејофот во АБА лигата, откако во вторникот победи пред своите навивачи 63:57.

Будуќност и го нанесе на Црвена звезда вториот пораз сезонава во регионалната лига и успеа да избори уште еден меч по кој ќе биде познато која од двете екипи ќе игра во финалето.

Во исклучително неефикасен натпревар, клучна беше втората четвртина во која домаќинот стекна двоцифрена предност 33:23 по првото полувреме.

Црвена звезда, чии напад не функционира без плејмејкерот Јовиќ, ја преполови разликата во третиот период, но немаше сили за целосен пресврт.

Јовиќ во Подгорица одигра нешто помалку од десет минути, но очигледно сеуште не ја залечил повредата на грбот.

Савовиќ со 15 и Гордиќ со 12 поени беа најефикасни во домашниот тим, додека кај гостите најмногу поени постигнаа Гудуриќ 15 и Волтерс 11.

Третиот меч ќе се игра во Белград на 4.април. Мајсторка се игра и во второто полуфинале помеѓу Цедевита и Партизан, таа на програмата е в недела во Загреб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП