23 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАOд 4 до 10 април Саем на книгата, за образование и кариера...

Oд 4 до 10 април Саем на книгата, за образование и кариера и Скопје травел маркет на Скопски саем

Меѓународен саем на книгата, 29-ти по ред, 20от Меѓународен саем за образование и кариера и Скопје травел маркет започнуваат на 4 април и ќе траат сè до 10 април 2017 на Скопски саем.

Саемот на книгата е една од најзначајните културни манифестации во Македонија обезбедувајќи ја најголемата концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста. Овој саем е креатор на традицијата и култот кон пишаниот збор поттикнувајќи безброј луѓе од година во година да се вљубуваат во книгата.

Манифестацијата „Денови на образование и кариера“ на едно место ги обединува сите државни и приватни високообразовни институции од земјата и странство кои пред посетителите ги претставуваат додипломските и постдипломските студиски програми, институциите и компаниите кои имаат програми за студирање со стипендии и кредити, компании кои нудат професионална пракса за студентите, како и компании кои нудат вработување на квалификуван кадар на соодветни работни позиции.

Овој настан е наменет за студентите од сите степени, како и ученици од средно образование, идни студенти, кои треба да целат кон донесувањето на правилна одлука за нивното натамошно образование и професионална ориентација.

Скопје травел маркет е уникатна можност за квалитетно разгледување на туристичката понуда и опции за патување за секој кој сака да го види светот. Туризмот неминовно се вклопува во трендовите на општествениот и социјален живот на 21от век.

Саемите ќе бидат отворени од 10.00 до 20.00 часот, цената на влезницата за сите посетители изнесува 30 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП