28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис­-форум за зајакнување на соработката меѓу Македонија и Мексико

Бизнис­-форум за зајакнување на соработката меѓу Македонија и Мексико

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Македонија и Мексико, Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Мексико во Република Србија, COMCE ­ Mексикански деловен совет за надворешна трговија, инвестиции и технологии и ProMexico ­ Агенција за промоција на меѓународната трговија и инвестиции, денеска во Скопје организира бизнис­форум на тема „Македонија ­ Мексико ­ Бизнис можности и зајакнување на билатералната соработка“.

Целта на бизнис­форумот е македонските компании и институции да се запознаат со можностите за соработка со Мексико во делот на меѓусебната соработка и инвестициите со цел продлабочување на трговската размена. Форумот ќе им овозможи на македонските стопанственици да ги зајакнат економските релации, но и да се воспостават нови, повисоки облици на институционална соработка помеѓу двете земји.

На Бизнис­форумот претставниците од надлежните институции од Република Мексико ќе ја претстават својата земја, како и индустриите и секторите во коишто постојат можности и поволности за инвестирање. Секторите за коишто постојат можности за соработка, како што информираат од Стопанската комора на Македонија, се металoпреработувачката/автомобилската индустрија: можности за инвестирање во синџирот на снабдување, обновливите извори на енергија, прехранбената индустрија и креативните индустрии: аудио­визуелни содржини.

На форумот најавено е обраќање на Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Марко Антонио Гарсиа Бланко, амбасадор на Република Мексико во Република Србија, Оскар Хавиер Камачо Ортега, трговскиот советник на ProMexico и претседателот на Управниот одбор на COMCE, Петар Јоксимовиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП