19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГудисон парк e следната дестинација на Руни!?

Гудисон парк e следната дестинација на Руни!?

Вејн Руни, легендата на Манчестер Јунајтед, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Евертон, клуб во кој ја започна професионалната кариера, дознава „Индепендет“.

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед сезонава не е во плановите на менаџерот Жозе Мурињо, ретко игра, поради што е јасно дека тој ќе замине од „Олд Трафорд“.

Иако има финансиски богати понуди од Кина и САД, тој кариерата ќе ја продолжи онаму каде што ја започна во Евертон.

„Индепендет“ наведува дека клубовите се блиску до договор, а Јунајтед бил подготвен да го пушти капитенот да замине без обештетување, но само доколку тимот од „Гудисон парк“ на напаѓачот му понуди неделна плата од 150.000 фунти.

Руни во Манчестер Јунајтед неделно заработува 230.000 фунти.

Вејн Руни е роден во Ливерпул, ја мина фудбалската школа на Евертон, а за првиот тим дебитирал во 2002 година. За две години во дресот на „карамелите“ одигра 71 натпревар и постигна 15 голови.

На „Олд Трафорд“ се пресели во 2004 година и во наредните 13 години се стекна со статус на легенда. Неодамна тој стана најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед во неговата историја (250 голови на 550 натпревари).

Pуни со Јунајтед има освоено пет тиутли во Премиерлигата и ФА купот, три во Лига купот, четири во Комјунити Шилд, и по една во Лигата на шампионите и Kлупското светско првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП