16 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЧарлс Симиќ добитник на наградата „Златен венец“ на СВП за 2017

Чарлс Симиќ добитник на наградата „Златен венец“ на СВП за 2017

Добитник на наградата „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ (СВП) за 2017 година, е поетот и есеист од САД, роден во Белград во 1938 година, Чарлс Симиќ, соопшти Управниот одбор на СВП на прес конференција во вторник во МАНУ.

Чарлс Симиќ со семејството се сели во САД во 1953 година, а поезија започнал да пишува уште во средно училиште. Од 1973 година е професор на Универзитетот во Њу Хемпшир, каде што предава американска книжевност и креативно пишување. Постојан критичар е на New York Review of books, а живее во Стафорд, Њу Хемпшир“.

Меѓу најзначајни поетски збирки на лауреатот се: „Што вели тревата“ (1967), „Некаде меѓу нас каменот фаќа белешки“ (1969), „Разградување на тишината“ (1971), Харонова космологија (1977), „Училиште за темни мисли“ (1978), „Класични игри од балската сала“ (1980), „Книга на богови и ѓаволи“ (1990), „Светот не завршува“ (1990), „Венчавка во пеколот“ (1994), „Moето немо страдање“ (2005), „Мајмуни околу нас“ (2006), „Мајстор на метаморфози“ (2010), „Лудак“ (2015).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП