25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНајлоши шефови за 2012 година

Најлоши шефови за 2012 година

boss

Кои се апсолутно најлошите шефови за 2012 година? Професорот Сиднеј Финкелштеин мисли дека го знае одговорот на тоа прашање.

Финкелштеин, долгогодишниот професор на „Dartmouth School of Business“ и автор на 11 книги за менаџмент, многу добро знае да го препознае крајниот неуспех, тој оваа година ја состави листата од петте најлоши шефови во САД.

Споменатата листа ја составува веќе три години по ред, а до сега на неа ги постави и директорите на „Netflix“, „Research in Motion“ и „HP“. Оваа година титулата ја најлош шеф ја заслужи Брајан Дан, кој во текот на 2012 година даде оставка од челната позиција во „Best Buy“. Неговата позиција била нарушена од „несоодветниот“ однос кој го имал со својата помлада колешка. Но, освен авантурата, позицијата му беше нарушена и од катастрофалното водење на компанијата, проследено со голем пад на продажбата и падот на вредноста на акциите, Дан се одлучил на откуп на сопствените акции од берзата, што компанијата ја чинело шест милијарди долари.

Второто место го завзема шефот на „Chesapeake Energy“, Аубеј Клендон, кој го уништил билансот на компанијата. Тој во последните три години на различни компании и поединци им одобрил ненаменски кредити во вредност од милијарда долари. Освен тоа, тој основал и корпоративен хеџ фонд во кој додал дополнителни 200 милиони долари. Позицијата за втор најлош шеф ја потврдил со приватното користење на авионот на компанијата и потпишувањето на милионскиот спонзорски договор со кошаркарскиот тим од Оклахома.

Третото место го завзема директорката на „Avon“, Андреа Јунг, која не ги поправи оперативните проблеми на компанијата и ја одби понуда за превземање на 10 милијарди долари. Понудата од конкурентската компанијата „Coty“, всушност, требала да го спаси „Avon“ чија пазарна вредност од 2004 до денес е намалена од 21, на 6 милијарди долари. Јунг ќе биде запаметена и по потрошените 300 милиони долари на адвокати, чии услуги ги плаќала со цел да го прикрие поткупот на странските службеници.

Четвртиот најлош шеф е првиот човек на „Zynga“, Марк Пинкус, „Zynga“ е компанијата која се занимава со развојот на мобилните игри, како „Farmville“, таа минатата година загуби 75 проценти од пазарната вредност. Таквиот катастрофален пад лесно ќе се надминеше, но Пикус ја поврза својата компанија исклучиво со Фејсбук, кој ја претрпе најлошата година во историјата.

Последен на листата е шефот на шпанската „Bankie“, Родриго Рато. Благодарение на неговото креативно сметководство, местењето на каматните стапки и девизниот курс, како и останатите малверзации, „Bankiu“ дочека спектакуларен колапс, но банката го преживеа колапсот благодарение на парите од даночните обврзници.

Иако не го постави на листата, Финкелштеин не можеше а да не го спомене името на сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг. Во моментите кога акциите му одеа само во еден правец, Цукерберг размислуваше само на своето големо его, a за неговата опседнатост со дуксерите, подобро да не зборувам, изјави Финкелштеин.

Финкелштеин го споменува и Ендрју Мејсон, директор на „Groupon“, со образложение дека никој во јавноста не мисли дека тој е способен да води таква компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП