29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕлена Веснина ја освои титулата во Индијан Велс

Елена Веснина ја освои титулата во Индијан Велс

Елена Веснина ја освои титулата на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Веснина по речиси три часа голема борба ја победи сонародничката Светлана Кузњецова со 2:1.

Првиот сет го доби Кузњецова во тај брејк со 8:6. Во вториот ветеранката беше блиску до освојување на титулата, имаше предност од 4:1, но Веснина успеа да се врати во мечот, да го добие сетото со 7:5 и да избори трет сет.

Третиот сет донесе слично сценарио како и вториот, Кузњецова прва направи брејк, имаше 4:2, но потоа Веснина освои четири гема во низа и стигна до највредната титула во досегашната кариера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП