25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: Црвена звезда лесно го совлада Будуќност

АБА: Црвена звезда лесно го совлада Будуќност

Кошаркарите на Црвена звезда водат со 1:0 против Будуќност во полуфиналната серија во АБА лигата. Бранителот на титулата, на домашен терен, славеше 82:67.

Црвена звезда без поголеми проблеми славеше над Будуќност во првиот полуфинален натпревар во АБА лигата. Црногорските шампион беше рамноправен само во првата четвртина, во втората Црвена звезда предводена од Симоновиќ стигна до двоцифрена предност и позитива од 12 поени по првиот дел.

Третата четвртина ја обележа Гудуриќ, кој со три тројки во низа ја однесе Црвена звезда на 60:40.

Будуќност се обиде да фати приклучок но најмногу што успеа е да се доближи на 11 поени од противникот.

На крајот покрај одличната игра во одбрана на „црвено-белиот“ тим, пресуди шутот за три поени, Црвена звезда погоди 12 тројки од 27 обиди, а Будуќност само пет.

Симоновиќ и Гудуриќ со по 18 поени го предводеа победникот, додека кај Будуќност најефикасен беше Класен со 12 поени.

Вториот меч од серијата се игра во Подгорица на 28.март. Пласман во финалето ќе избори екипата која ќе забележи две победи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП