24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗадар ја отпиша Крка од АБА лигата

Задар ја отпиша Крка од АБА лигата

Кошаркарите на Задар ја победија Олимпија 81:78 и го сочуваа местото во АБА лигата и во наредната сезона. Во исто време Крка славеше над Цибона 95:91, но и покрај победата екипата од Словенија испадна од лигата.

Задар успеа да се справи со притисокот и во најважниот меч во сезоната забележа победа која му го обезбеди опстанокот во АБА лигата. Задар до победата 81:78 го предводеше Рамљак со 18 поени и 12 скокови, ист број на поени постигна Бараќ, а два поени помалку уфрли Владовиќ.

Крка, во пресрет на последното коло мораше да слави против Цибона, но и требаше и пораз на Задар кој не се случи.

Тимот од Ново Место предводен од екс играчот на МЗТ Марко Луковиќ (24 поени, 6 скокови), ја совлада Цибона 95:91. Цибона сезоната ја за врши со пет порази во низа, најефикасен во екипата од Загреб беше Марин Рожиќ со 24 поени.

Регуларниот дел од сезоната во АБА лигата ќе заврши в понеделник со натпреварите МЗТ-Морнар и Црвена звезда-Будуќност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП