19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона загуби од Депортиво Ла Коруња (видео)

Барселона загуби од Депортиво Ла Коруња (видео)

Депортиво Ла Коруња против фаворитот Барселона освои значајни бодови во борбата за опстанок во Примера. Депортиво во 27.коло славеше 2:1, што е прв пораз за Барса во првенството уште од 2.октомври минатата година.

Емотивно и физички истрошени по историската победа над ПСЖ, во средата во Лигата на шампионите, фудбалерите на Барселона загубија на Ријазор во Ла Коруња и си ги компромитираа шансите во борбата за титулата.

Иако на Ријазор имаа 70 отсто од поседот на топката, сепак Каталонците тешко создаваа гол шанси.

За разлика од Барселона играчите на Депортиво максимално ги користеа своите гол шанси.

Хоселу го постигна првиот гол во 36.минута по грешката на голманот на Барселона Тер Штеген. Само што започна второто полувреме резултатото го израмни Луис Суарез. Ново водство на Депортиво му донесе Бергантинос, откако на спортивната страна Денис Суарес не реализира чиста шанса.

Депортиво ја прекина серијата од шест победи на Барселона во првенството, а во исто време тимот од Ријазор е непоразен на последните четири натпревари, на кои има три победи и едно реми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП