2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп тргна во нова офанзива против моќната фармацевтска индустрија

Трамп тргна во нова офанзива против моќната фармацевтска индустрија

dt

По обидите да го поништи и замени Законот за пристап до здравствено осигурување, попознат како Обамакер, американскиот претседател Доналд Трамп тргна во нова офанзива, овој пат против моќната фармацевтска индустрија и исклучително високите цени на лековите.

„Работам на нов систем по кој во фармацевтската индустрија ќе дојде до конкуренција. Цените на лековите за Американците ќе паднат“, порача Трамп преку Twitter.

AFP појаснува дека во САД цените на лековите „експлодирале“, а фармацевтската индустрија се најде во фокусот на бројни контроверзии.

Плановите на американскиот претседател во врска со тоа прашање и натаму се недоречени, но се чини дека централна улога во целата работа ќе има Скот Готлиб, кого Белата куќа во петок го именуваше на чело на Сојузната агенција за лекови, а кој е близок до фармацевтската индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП