25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНе е лесно да си дел од „кралевите“

Не е лесно да си дел од „кралевите“

Real Madrid's players swamp Sergio Ramos as they celebrate his goal

Гламурот, популарноста, парите, тоа се епитетите кои со себе ги носат и со кои мораат да се справат фудбалерите на Реал Мадрид. Клуб кој секогаш „тежел“ најмногу. Клуб од кој секогаш се очекувало најмногу, но исто така и клуб кој секогаш најмногу бил критикуван. Сите светски медиуми, навивачи, фудбалски експерти, секогаш се тука и со нетрпение чекаат „кралевите“ да изгубат некоја средба за да можат да фрлаат дрва и камења по нив. Сите тие милиони кои со години се вложувани и кои се уште се вложуваат им „закачија“ таква репутација на мадриѓаните за многумина да не ги симпатизираат.

rm5

Исто така, сите тие милиони доведоа до тоа да никогаш немале голема поддршка од трибините на нивниот, секогаш најпосетен „Бернабеу“. Никогаш немале таква поддршка како нивните ривали, фудбалерите на Дортмунд. Навивачите на Реал секогаш очекуваат нивните фудбалери веќе на полувремето без разлика за кој противник се работи, да имаат предност која би ги оправдала сите тие милиони. Тоа секогаш беше погрешно. И од страна на навивачите, но и од страна на управата на чело со Флорентино Перез кој секогаш мисли дека ќе направи клуб кој ќе руши се пред себе. Реал за оваа година под водство на Перез на еден начин стекна репутација каква Перез секогаш сакал.

rm6

Реал отсекогаш бил клуб кој сите ги маѓепсувал, клуб полн со ѕвезди, кои противничките навивачи со нетрпение очекувале да ги видат, клуб кој ги полнел сите стадиони каде што настапувал. Меѓутоа тоа бил и клуб кој секоја екипа сакала да го победи. Се случувало и тоа клубот кој ќе го победи Реал Мадрид да се најде на насловните страници на сите спортски весници. Веста за поразот на „кралевите“ отсекогаш се ширела со огромна брзина, да не речам со задоволство. Сето тоа ги следеше фудбалерите на Реал и оваа сезона. Сето тоа, но и многу повеќе. Дури ни големиот, а според мислењата на многумина и најголемиот, Жозе Мурињо неможеше да се носи со тоа. Почна да забележува слаби резултати. Сезоната ја отвори со експресни минус осум во однос на Барселона. Во Лигата на шампионите се мачеше во групната фаза. Но неможеше повеќе. Мурињо по којзнае кој пат на виделина ја изнесе својата желба да обвини некој друг. Поред беа виновни, судиите, навивачите, играчите.

rm7

Од овие последните често доаѓаше во дуел со Рамос, Роналдо, Озил, но неговата најболна точка беше Икер Касилјас. Се обидуваше долго време да го тргне од голот. Го внесуваше Антонио Адан меѓу стартерите, но овој секогаш правеше почетнички грешки и редовно ја гледаше својата мрежа наполнета до врв. Но тогаш кога се изгледаше дека е изгубено за Жозе, Икер се повреди. Навивачите беа во депресија, Перез ја отпиша сезоната, но Мурињо како тоа со нетрпение да го чекаше. Го доведе него, Диего Лопез. Во тој момент многумина се плашеа, сметаа дека тоа е најболната точка на екипата на Мурињо. Со него на голот поред паѓаа, Барселона, Манчестер Јунајтед,Галатасарај.

rm3

Сепак за натпреварот на „Олд Трафорд“ многумина мислеа дека Алваро Арбелоа добро одглумил за Нани да добие црвен картон. Но очигледно омразата на Мурињо кон одредени играчи на Реал мораше да излезе на виделина. Иако направија одлични резултати во серија и стигнаа до полуфиналето од Лигата на шампионите, фудбалерите на Реал ја покажаа својата немоќ. Покажаа дека не беа прилично складни и ни приближно не прават заедница каква што владее во Дортмунд. Ронадло, Озил, Игуаин, а подоцна и Бензема, според имињата можеа чуда да направат на таа средба, но тоа така не оди. Од друга страна, фудбалерите на Дортмунд сето тоа не го гледаа со спуштени раце, напротив ја наполнија мрежата на тимот од Мадрид.

rm8

Роберт Левандовски се погрижи за еден од најголемите порази на Реал во историјата на европските натпреварувања. По средбата како што и секогаш, новинарите едвај дочекаа да се потсмеваат на поразот на Реал Мадрид и да ги критикуваат нивните ѕвезди. По тоа Мурињо и неговите фудбалери молчеа, дали поради тоа што немаа што да речат или поради тоа што имаат многу да кажат ќе видиме денеска. Никогаш поголем притисок не почуствувале овие играчи, а и навивачите никогаш досега не биле толку непријателски настроени. Како тоа ќе влијае на „кралевите“? Досега секогаш делувало позитивно, досега во вакви „отпишани“ ситуации излегувале како победници. И денеска ќе бидат сите против нив. И денеска сите медиуми со нетрпение ќе го очекуваат неуспехот на Реал за да ги наполнат своите страници.

rm1

Дали Мурињо и неговите играчи за последен пат ќе ги затворат устите на сите критичари и дали Реал конечно ќе дојде до толку посакуваното финале во Лигата на шампионите, не се знае. Но едно е сигурно, Реал не се предаде, затоа што Реал незнае да се предаде. Еден поранешен фудблаер на „кралевите“ рече: „ Деведесет минути на Бернабеу можат да бидат долги, можат да бидат многу долги“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП