16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКредит како наследство

Кредит како наследство

DCF 1.0

Кога ќе речеме “наследство” повеќето луѓе  одма ќе помислат на имот: стан, пари, предмети. Не заборавајте дека, кредитите, долговите на кредитни картички, минусот на тековната сметка – со еден збор сите долгови кои некој ги има према една банка стануваат дел од наследството во случај кога ќе почине човек. Во случај кога починатиот оставил долгови кон банката, банката како доверител подеднакво учествува во оставинската постапка и има право на надомест од имотот оставен кај себе од страна на клиентот.

Наплатата на долгови е можна на два начина.

Прво, Банката има право во оставинската постапка да бара оставнина (имот што останал од покојникот, или имот кои му припаѓа на покоен во времето на смртта) која ќе биде одвоена од имотот кој им припаѓа на наследниците. На пример, ако покојникот зад себе остави автомобил, куќа, мебел, накит, уметнички предмети, банката има право да бара наплата на долгот од тој имот. Во овој случај, наследникот или наследниците не може да располагаат со имотот што останал од покојникот се додека не се наплатат доверителите (банката). Важно е да знаете дека во ваков случај банката може да ги наплати своите побарувања само врз основа на имотот што останал од починатиот, односно нема право од наследниците да бара да го отплатат долгот, без разлика дали е вредноста на имотот помала од износот на долгот.

Второ, Банката може, во согласност со националното законодавство, но не и е обврска, со наследниците да се договори за плаќање на кредитот. Во овој случај важно е да знаете дека наследниците не можат да бидат одговорни за долгови кои се поголеми од висината на наследениот имот. Ова значи дека ако наследат средства помалку од вредноста на долгот кон банката, не се должни да го отплатат целиот долг од вредноста на имотот. Домашното законодавство овозможува лице кое не е наследник, доколку сака може да ги отплати долговите на другите. Тоа е прашање на добра волја, а не законска обврска!

Постојат моменти кога покојникот не остава имот зад себе. Банката, како и било кој друг доверител ќе се обидат да се договорат за наследник кој ќе го отплаќа тој долг. Сепак, законските наследници во овој случај може да се откажат од наследството. Во тој случај, нема да бидат одговорни за долговите.

Запомнете дека не може да се откажете само од дел од наследството и дека откажувањето од наследство е неотповикливо, освен во случаите кога може да се докаже сте го направиле под: принуда, закана, измама или заблуда.

Праксата покажува дека наследниците обично на морална основа ги исплаќаат долговите на покојникот, дури и ако тој не го остави зад себе имотот што тие можеле да го наследат.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП