20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ја одобри унгарската државна помош за проширување на нуклеарката Пакс

ЕУ ја одобри унгарската државна помош за проширување на нуклеарката Пакс

нукле

Европската унија ја одобри во понеделникот унгарската државна помош за изградба на два нови реактора во нуклеарната централа во Пакс, откако унгарската влада преземала опсежни обврски за да го ублажи неповолното влијание на овој проект врз пазарното натпреварување.

Унгарија на почетокот од 2014 година со Русија договори изградба на реактор со моќност од 1.200 мегавати и реконструкција на двата постоечки реактора, проектот Пакс 2. Деталите од договорот се прогласени за тајна во следните 30 години, при што работите на изградбата ѝ се доверени на руската компанија „Русатом“, а проектот според сомневањата во Брисел го финансира Русија со кредит од околу 10 милијарди евра.

Изградбата, според договорот, би требала да започне во 2018 година, а првиот реактор во функција би бил ставен пет години подоцна.

Во ноември 2015 година Европската комисија покрена постапка против Унгарија поради индиректно склучување договор со „Росатом“.

Од Брисел во понеделникот објавија дека, сепак, ја одобриле унгарската држава помош за градењето на двата нови реактора во Пакс.

„Во текот на нашата истрага унгарската влада презема опсежни обврски, благодарејќи на коишто Европската комисија го одобри вложувањето во рамките на прописите на Европската унија за државните поддршка“, се истакнува во соопштението на комесарката на ЕУ а пазарно натпреварување Маргарет Бестагер.

Така, според соопштението на ЕК, Унгарија „ќе се согласи на пониски проноси на вложувања отколку што тоа би бил случај со приватните инвеститори“, со што се избегнува „непримерното нарушување на рамноправното пазарно натпреварување“, напомнуваат од Комисија.

Унгарија се согласила добивката којашто ќе ја генерираат проширените капацитети на нуклеарната централа во Пакс ќе ги врати на државата на име поврат на вложувањата односно да се искористат за покривање на вообичаените трошоци на работењето.

„Добивката нема да може да се користи за реинвестирање во градењето или купувањето на дополнителни капацитети за производство на енергија“, се истакнува во соопштението на ЕК:

За да се избегне пазарната концентрација Пакс 2 ќе биде правно и функционално одвоено од енергетската компанија „МVМ Group“, којашто управува со нуклеарната централа за добивање електрична енергија.

Покрај тоа, најмалку 30 отсто од вкупно произведената струја Пакс 2 ќе мора да ја понуди на отворената берза на електрична енергија. Остатокот ќе се продава на отворени аукции, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП