23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: МЗТ поразен од Будуќност

АБА: МЗТ поразен од Будуќност

KK_Buducnost_Voli_-_KK_MZT-680x365_c

Будуќност катастрофално го порази МЗТ 92:61 (22:22, 21:14, 34:16, 15:9), во натпревар од претпоследното коло во АБА лигата.

Кошмарната сезона за МЗТ во регионалната АБА лига продолжи во Подгорица со уште еден убедлив пораз. МЗТ, ден претходно, го обезбеди опстанокот, но тоа не ги оправдува играчите за индолентната игра против фаворизираниот противник.

МЗТ успеа на противникот да му парира само во првата четвртина која заврши нерешено, во втората Будуќност стекна седум поени предност, а во второто полувреме мечот стана еднонасочна улица, играта на МЗТ целосно се распадна, а Будуќност немилосрдно го полнеше кошот на аеродромци.

Тројца играчи на МЗТ мечот го завршија со двоцифрен број на поени најефикасен беше Тејмс со 20 поени, Дреновац уфрли 13, а Лалиќ 10.

МЗТ во последното коло на 13.март ќе го прече3ка Морнар во СЦ „Јане Сандански“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП