Небалансираната исхрана во текот на зима остава траги на секое тело. Сите сме сити од богатите и обилни оброци, поради што едвај ги чекаме раното и свежо овошје и зеленчук.
Меѓутоа, според мислењето на нутриционистите, март е месец во кој мораме да бидеме трпеливи.
Пред се потребно е да ги искористите намирниците кои ни останале од зимскиот период. Целосно е бесмислено да јадеме туршија во мај кога пазарите се преполни со свеж сезонски зеленчук.
Од останатите намирници користете морков, цвекло, целер, тиква, лук. Нормално тука се и мешунките, грав, леќа, леблебија и грашок. Нутриционистите препорачуваат да бидете внимателни со компирот, бидејќи во овој период обично е изртен и полн со соланин кој е токсичен.
Преостанатите јаболки и крушки можете да ги надополните со суво овошје и јаткасти плодови, како и со умерена употреба на јужно овошје.
На крајот на март немојте да го пропуштите ниту вистинкиот еликсир за здравјето – сремуш (див лук, мечкин лук, allium ursinum), кој можете да го најдете на пазарите.
Со ваквата ихрана ќе го прочистите организмот, ќе го зајакнете имунитетот и ќе се подготвите за летото.