30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКнигата – совршен подарок за секоја дама

Книгата – совршен подарок за секоја дама

kniga-za-tebe-8-mart-poster-680x365_c

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го најавува објавувањето на Книга подарок за посебна дама како тебе, која во месецот на жената ќе може да се купи по промотивна цена од само 200 денари.

Општо книгата, а особено Книга подарок за посебна дама како тебе е еден од најубавите подароци за секоја жена – мајка, сестра, ќерка, љубена, сопруга. Секоја жена заслужува да ја добие оваа мала книга на подарок. Мала, а толку голема. Исто како и женското срце. Мала по обем, но голема со зборови што значат љубов, големина, сила, посебност, убавина, кои ги поседува секоја жена.

Книгата содржи прекрасни мисли за жената, еден мотивирачки љубовен сплет, преубави илустрации, како и можност самите да ја надополните со својата приказна наменета за онаа личност на која сакате да ѝ ја подарите.

Авторката на книгата, Бојана Цветкова, има 27 години и по професија е маркетинг менаџер. Инспирација за книгата ѝ била љубовта кон нејзината мајка, која решила да ѝ ја покаже така што ќе ѝ подари книга посветена специјално за неа, но истовремено да ја овековечи и вечната љубов кон жената како инспирација и двигател на животот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП