7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVW Tiguan Allspace со 7 седишта ќе дебитира во Женева (фото+видео)

VW Tiguan Allspace со 7 седишта ќе дебитира во Женева (фото+видео)

allspace-

Моделот кој треба да ја пополни празнината помеѓу стандардниот „Tiguan“ и „Touareg“ ќе има европска премиера на 7-ми март, а на патиштата ќе се појави во текот на есента по цена од околу 30.000 евра.

allspace-1

Со овој модел за прв пат се запознавме во декември 2016-та, кога беше претставена верзијата за кинескиот пазар, како што ќе се продава како „Tiguan L“.

allspace-2

„Tiguan Allspace“ е пократок од „Touareg“ зa 94 mm, a oд регуларниот „Tiguan“ е подолг за 215 mm, oд што 109 mm се за зголемување на меѓуосовинското растојание. Дополнителниот простор во кабината овозможи да се вметне и трет ред седишта, па така во „Allspace“ може да се сместат до 7 патници.

allspace-3

Од друга страна, во конфигурацијата со 5 седишта и соборен трет ред, овој автомобил располага со значително голем багажник од 730 литри.

allspace-4

Во однос на стандардниот „Tiguan“, продолжениот модел има и малку поголема задна врата, поради полесно влегување на патниците на задните седишта, како и подолга хауба, со цел да се зачуваат пропорциите за помал модел.

allspace-5

На купувачите ќе им биде понудена и „off road“ верзија која стилски и функционално е повеќе ориентирана за возење на места каде што нема асфалт, со заштитни елементи на долните делови на каросеријата.

allspace-6

На располагање ќе бидат шест мотори, од кои најмоќниот ќе развива 240 ks (176 kW).

Oсновниот модел ќе биде со четирицилиндарски 1.4 литарски турбо бензинец со 150 ks (110 kW), додека основниот дизел ќе има „TDI“ мотор со иста моќ, но зафатнината ќе 2.0 литри.

Двете најслаби верзии ќе бидат достапни со погон на предните тркала, додека помоќните ќе бидат стандардно опремени со „4Motion“ погон на сите 4 тркала и менувач со двојно квачило.

По женевската премиера, „Tiguan Allspace“ во продажните салони во Европа ќе пристигне дури во септември, а во Германија основната верзија ќе чини околу 30.000 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП