6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалните банки платиле глоба oд 321 милијарди долари од 2008-ма

Глобалните банки платиле глоба oд 321 милијарди долари од 2008-ма

euro-bank

Банките на глобално ниво платиле глоба во вредност од 321 милијарди долари од 2008-ма година па досега заради бројни регулаторни прекршувања – од перење пари до пазарни манипулации и финансирање на тероризам, покажуваат податоците на „Boston Consulting Group“, цитирани од „Bloomberg“.

Оваа сума е на пат да се зголеми во наредните години, бидејќи европските и азиските регулатори се со чекор повеќе агресивните од колегите во САД, кои ги наметнале поголемиот дел од казните се до моментот вели „BCG“ во седмото годишно истражување на индустријата. Банките платиле 42 милијарди долари казни само во 2016-та година, што е за 68% повеќе во однос на претходната година, покажуваат податоците.

„Со развојот на регулациите во однесувањето на глобите и казните, заедно со придружните правни и судски трошоци, ќе продолжат да постојат како трошоци за водење бизнис“, велат аналитичарите.

Добата на постојаното зголемување се регулаторните барања ќе продолжи и понатаму, велат од „BCG“, и покрај ветувањата на претседателот Доналд Трамп да направи измени во Законот Дод-Френк од 2010-та година, за да го промени американското банкарство по падот на „Lehman Brothers“. Бројот на регулаторните промени кои банките треба да се следат секојдневно, се тројни од 2011-та година до просечно 200 корекции на ден, покажува уште во извештајот.

„Регулацијата треба се доживува како постојано зголемување на водното ниво – не само приливот, кој ќе помине, или како цунами, кое ќе се повлече. Очекуваме овој тренд да се задржи и покрај последните политички случувања во САД“, пишуваат аналитичарите.

Речиси 10 години по почетокот на финансиската криза банкарската индустрија се уште не се опорави целосно од загубите кои ги претрпе по еден показател, вели „BCG“.

Иако финансиските компании создадоа т.н. економска добивка од 159 милијарди евра (167 милијарди долари) во 2015-та година – петти годишен раст, индустријата останува со 9 милијарди евра на црвено во кумулативна основа за годините од 2009-та до 2015-та година, покажуваат податоците. „BCG“ ја пресметува економската добивка врз основа на оперативните резултати на банката, вклучувајќи ја вредноста на нејзиниот капитал.

Европските кредитори не се означени со годишна економска добивка во овој период, а американските банки се на плус во последните три години. Банките во азиско-пацифичкиот регион, во Јужна Америка и Блискиот Исток и Африка предвидоа економска добивка секоја година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП