2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинатата година за 5 проценти зголемен бројот на деца во градинките

Минатата година за 5 проценти зголемен бројот на деца во градинките

deciji-vrtic-prozorcic-15

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година (состојба на 30 септември), вкупниот број на деца во установите за згрижување и воспитание на деца – детски градинки / центри за ран детски развој, изнесува 34 386 што претставува зголемување за 5.3% во однос на 2015 година.

Со годишните извештаи во 2016 се опфатени 96 установи за згрижување и воспитание на деца, што е за 17.1% повеќе во однос на 2015 година.

Овие установи обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата, во согласност со нивните развојни потреби, на возраст до 6 години, во повеќе групи (групи на деца во развоен период до 2 години, групи на деца во развоен период од 2 години до поаѓање во училиште, комбинирани групи, групи за деца со пречки во развојот, групи на деца – центар за ран детски развој во состав на детска градинка и групи за вонинституционална форма на активност).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП