3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВитамински коктел

Витамински коктел

koki

По севкупното презаситување на организмот потребно е тој да се исчисти и регенерира со нискокалорични намирници кои го стимулираат метаболизмот и го детоксицираат организмот.

Иста приказна после секоја зима, многу тешка храна и многу внесени калории. Понекогаш дури и варењето е отежнато. А по севкупното презаситување, организмот треба да се исчисти и регенерира. Тоа најбрзо може да се постигне со честото консумирање на нискокалорични намирници кои го стимулираат метаболизмот и го детоксицираат организмот.

Изрендајте едно цвекло, едно јаболко без лушпа, мало парче ѓумбир, еден морков и додадете сок од половина лимон. Сето тоа измешајте го и изедете го. Доколку сакате можете и да направите сок од овие продукти или пак комбинирајте, еден ден салата, следниот ден сок. Доколку приготвувате сок, додадете и малку вода во него. Постапката повторувајте ја секојдневно се додека не почувствувате олеснување, но без претерување.

Клучот за делотворноста на оваа мешавина најмногу лежи во сокот од морковот кој е силен антиоксидант. Како таков, штити од рак и инфекции, а делува стимулирачки и на црниот дроб, бубрезите и органите за варење. На децата оваа мешавина треба да им ја давате умерено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП