3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПиете вода со лимонов сок секој ден? Додадете и ги овие две...

Пиете вода со лимонов сок секој ден? Додадете и ги овие две намирници и ќе добиете вистински еликсир за здравјето

135912_profimedia0282050364_630x0

Веќе сте слушнале дека водата со лимон има цела низа здравствени бенефиции, но не знаете дали можете да ја направите уште поделотворна со додавање на некои многу здрави намирници?

За водата со лимон да ја претворите во вистински еликсир за здравјето потребно е да и додадете куркума во прав и мед. Оваа комбинација на вашиот организам ќе му ја обезбеди потребната количина на антиоксиданти, но тоа е само една од причините поради кои би требало да го пробате ова.

Поради што оваа комбинација е така делотворна?

– Ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот и спречува појава на настинки и упорна кашлица.

– Го стимулира варењето, помага при слабеењето и го чисти организмот од штетни токсини

– Jа подобрува функцијата на црниот дроб

– Помага во регулирањето на нивото на шеќер во организмот

– Ослободува од запек

– Го зголемува нивото на енергија

– Благодарение на антивоспалителните својства, се бори против дегенеративните пореметувања на мозокот предизвикани со стареењето (Алцхајмерова болест и деменција).

Потребно ви е:

– Куркума во прав – 1/4 лажичка

– Свежо исцеден органски сок од лимон – 1 шолја

– Природен мед – 1/8 лажичка

– Можете да додадете и прстофат цимет доколку сакате

Подготовка:

Загрејте малку вода па додадете мед, куркума и сок од лимон. Промешаје добро пред да се напиете бидејќи можно е куркумата да потоне на дното. Пијте додека е топло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП