19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 навики на Елон Маск кои го прават неверојатно продуктивен

5 навики на Елон Маск кои го прават неверојатно продуктивен

elon-musk-1

Како извршен директор на компанијата „Tesla“ и „Space X“ и прeтседател во „SolarCity“, Елон Маск има полн распоред секој ден. Медиумите се согласуваат дека покрај приватните обврски (има пет деца) и неверојатните амбиции (на шала велат дека неговата амбиција не е од оваа планета) тој стигнува навечер да спие и по шест часа.

Еве што овој претпремач тежок неколку милијарди долари прави за секој негов ден да биде максимално исполнет и продуктивен, пишува сајтот Inc.

1. Мастер за мејлови

Маск се потпира на формата на комуникација која не бара одговор во реално време, односно – веднаш, а тоа се мејловите и пораките. Избегнува телефонски разговори кога тоа е можно, и на тој начин успеа да се држи до својот распоред. „Многу сум добар кога станува збор за конверзација преку мејл“, нагласил тој, „Тоа е мојот главен приоритет“.

2. Намерно недостапен

Луѓето кои не се негови вработени, односно колеги, не можат така лесно да дојдат до Маск. Тоа истото важи и за неговата мејл адреса, па така не мора да губи време на прегледување барања, молби и сл.

3. Секогаш применува мултитаскинг

…односно работи повеќе нешта истовремено. Обично ги групира истиот вид на задачи и ги работи истовремено.

4. Секогаш учи

Маск се води по првиот принцип на учењето – она што го интересира е секогаш да биде сигурен дека го разбира најосновното „ЗОШТО“ зад секоја научна теорија или правило. Ова го намалува времето кое би го потрошил на учењето на нови концепти.

5. Доволно сон

Иако работи напорно и многу, Маск спие околу шест часа, никогаш помалку. Вели дека пие две кафиња на ден и неколку диетални Кока коли.

И на крајот, многумина се согласуваат дека Маск е невројатно талентиран и дека има непресушна способност да учи. Не треба да се заборави дека зад него стојат часови, денови и години неуморна работа. Затоа, кога некој вели дека постигнал успех преку ноќ сетете се на Месијата кој кажа „Ми беа потребни 17 години и 114 денови за да остварам „успех преку ноќ““

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП