29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ доживеа тежок пораз од ФМП

МЗТ доживеа тежок пораз од ФМП

drenovac-1

Кошаркарите на МЗТ доживеаја тежок пораз во белградското предградие Железник од ФМП 82:101, во рамките на 23.коло во АБА лигата.

Домашниот тим беше подобар ривал во текот на целиот натпревар, на полувреме имаше предност од седум поени, а победникот го реши со серијјата 9:0 на почетокот на третиот период.

Џош Скот со нов двоен ефект (26 поени, 10 скокови) беше најдобриот играч на МЗТ, додека двоцифрени уште беа само Ѓорѓе Дреновац со 14 и Шарлон Клоф со 12 поени.

Кај победникот најефикасен беше Ајзеа Остин со 20 поени.

ФМП со овој триумф, десетти во сезоната, најверојатно го обезбеди опстанокот, додека МЗТ има само осум победи и 15 порази.

МЗТ, во наредното коло, на 27.февруари ќе ја пречека Игокеа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП