17 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанасков се сели во Веспрем

Манасков се сели во Веспрем

deki 004

Левото крило на македонската ракометна репрезентација, Дејан Манасков, по завршувањето на сезоната ќе го напушти бундеслигашот Рајн Некар и најверојатно ќе се пресели во Веспрем, тврди специјализираниот ракометен портал Handball-planet.

Унгарскиот шампион подготвува големо реновирање на тимот по завршувањето на сезоната, а еден од играчите кои ќе пристигнат е Дејан Манасков, македонскиот репрезентативец, кој по само една сезона ќе го напушти Рајн Некар.

Актуелниот германски шампион пред неколку месеци го договори трансферот на шведскиот репрезентативец Џери Толбринг од Кристијанштад, кој треба да ја пополни левата крилна позиција со ветаренот Сигурдсон.

Во ваква ситуација вишок е Манасков, кој ќе оди во Веспрем, на местото на Герго Иваншик. Веспрем од наредната сезона од клупата ќе го предводи сеуште актуелниот тренер на Фленсбург, Љубомир Врањеш, кој во Унгарија сака да го донесе „својот“ играч Квентин Мае, но и францускиот репрезнетативец Вилијам Акамбре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП