4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНови 15 дела поддржани за превод од странски издавачи

Нови 15 дела поддржани за превод од странски издавачи

knigos

Уште 15 дела од македонски автори ќе бидат преведени и објавени од странски издавачи преку Конкурсот на Министерството за култура за финасирање преводи.

На српски јазик ќе бидат преведени книгите: „Азбука на непослушните“ на Венко Андоновски, „Инсомнија“ на Димитрие Дурацовски, „Алма Малер“ на Сашо Димовски, „Избор поезија“ на Звонко Танески, „Неверство“ на Дејан Трајковски, „Ако“ на Трајче Кацаров, „Лоша тетка и други раскази“ од Славчо Ковилоски, а истото дело на руски јазик ќе го објави „Кварта“ од Воронеж, Руска федерација. На руски јазик ќе биде обајвен и „Избор поезија“ на Влада Урошевиќ.

Романот „Нишан“ на Блаже Миневски ќе биде објавен на италијански јазик од издавачката куќа „Ластариа Едициони“ од Италија, а издавачката куќа „Изида“ од Софија на бугарски јазик ќе го преведе романот „Мемоарите на една млечка“ на овој автор. Издавачката куќа „Персеј“ од Софија на бугарски јазик ќе го објави романот „Недела“ на Ермис Лафазновски.

Романот „Во очекување на Нобеловата награда“ на Душко Родев ќе биде преведен на украински од издавачката куќа „Тврдина“ од Луцк од Укарина. Книжевни клуб од Брчко, БиХ на хрватски јазик ќе го објави романот „Бојата на времето“ од Стојмир Симјановски, а „Твоите – мои очи“, вториот роман од трилогијата романи посветени на Скопје од Христо Петрески ќе биде објавен на црногорски јазик од „Ободско слово“ од Црна Гора.

Министерката Канческа­Милевска нагласи дека се работи за стимулативна мерка, која е воведена во Националната стратегија за развој на културата за периодот од 2013­2017 година. Мерката, како што рече, ги надмина нашите очекувања во изминатиот период и овозможи значителен пробив на македонската литература во различни јазични подрачја, во кои претходно нашите автори малку беа застапувани.

Од почетокот на 2014 година Министерството за култура, вклучително со денешните наслови обезбедило поддршка за превод на 114 дела на 60 македонски автори. Делата се преведени на 21 старнски јазик. За реализација на оваа мерка, Министерството за култура од својот буџет обезбедило околу 200.000 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП