25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПензиските фондови носат солиден принос

Пензиските фондови носат солиден принос

savings

Штедењето или инвестирањето на сопствените вишок средства во основа значи одложување на потрошувачката од денес за некое идно време. Доколку средствата кои ги имате ви се повеќе од доволно за задоволување на моменталните потрошувачки потреби и од друга страна не сте сигурни што носи иднината, разумно е да се одложи моменталната потрошувачка, односно вишокот средства да се стават настрана со цел да ја надополнат потрошувачката во некое идно време кога ќе притребаат. Бидејки ставањето на средствата настрана без притоа да бидат вложени (народски кажано „чување под перница“) не носи никаков принос, средствата губат од својата куповна моќ поради растот на цените на потрошувачките добра. Од тука доаѓаме до потребата за вложување на средствата во инструмент кој носи принос и кој ќе ја сочува куповната моќ на средствата кои сме ги одвоиле за идна потрошувачка.

Доколку зборуваме за доброволно постепено штедење на средства, односно одвојување на дел од континуираните примања и вложување на истите, на пазарот во Република Македонија ни се достапни следните финансиски продукти: постепено штедење во комерцијалните банки; програмирана уплата во инвестициски фонд; и програмирана уплата во доброволен пензиски фонд. Во опција е и полиса за животно осигурување која исто така има елементи на штедење но во основа овој продукт не е споредлив поради осигурителната компонента содржана во него.

Поради достапност на податоци и поради симплификација направивме споредба на три конкрентни продукти со претпоставка дека почнувајќи од 01.03.2011 година се вршеле бруто уплати од по 1.000 мкд во првиот ден од месецот во секој од овие три продукти, земајки ги во предвид влезните провизии и провизиите за управување на пензискиот и инвестицискиот фонд, како и повратот на персоналниот данок кој државата го уплаќа во пензискиот фонд.  Пресметките се направени врз база на јавно објавени податоци на веб страните на институциите кои ги нудат овие производи, како и веб страната на Македонска Берза и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од каде се земени вредностите на сметководсвенте единици на пензискиот и инвестициските фондови во деновите на уплата. На следната табела се прикажани карактеристиките на овие инвестиции, вкупно уплатените средства за целиот период (од 01.03.2011 до 31.03.2013) и крајното салдо на крајот од периодот за сите вложувања одделно:

НЛБ Постепено штедење НЛБ Пензија Плус КБ Публикум Балансиран КД Брик
Влезна провизија нема 3.80% 3.50% 4.90%
Управувачка провизија нема 1.20% 2.50% 3%
Вид вложување Депозит Портфолио на акции, обврзници и депозити Портфолио од акции, обврзници и депозити Портфолио од акции
Поврат на персонален данок 0 11.11% 0 0
Вкупно уплатени средства 25.000,00 25.000,00 25.000,00 25.000,00
Вкупно средства на крајот на периодот 26.004,62 28.649,65 20.012,72 20.198,98
Ефект од поврат на данок на добивка Н/А 2.840,77 Н/А Н/А
Остварен принос во проценти за цел период 4.02% 14.60% -19.95% -19.20%
Остврарен принос без ефект од данок на добивка Н/А 3.24% Н/А Н/А

 

Според пресметките најисплатливо вложување за анализираниот период е вложувањето во доброволниот пензиски фонд НЛБ Пензија Плус. Постепеното штедење конкретно во НЛБ Тутунска банка е второ во ова рангирање, додека разгледуваните инвестициски фондови имаат негативен поврат во анализираниот период. Сепак треба да се напомене дека карактеристиките на овие три продукти во некои сегменти значително се разликуваат. Повлекувањето на средства од пензискиот фонд е условено со достигнување на одредена возраст односно најрано од 10 години пред пензионирање (54 кај мажи и 52 години кај жени), што значи дека овие средства се врзани на подолг период. Повлекувањето на средства од инвестициските фондови е овозможено во секое време за одредена провизија, додека повлекувањето на средства од постепеното штедење во банкарски депозит значи губење на дел од каматата заработена во периодот кој претходи.

Дополнително, анализираниот период е пре краток кога се работи за вложувања во пензиски и инвестициски фонд и остварениот принос во минатиот период не треба да биде индикација за приносот во иднина.  На крајот, секој човек треба да го избере оној продукт кој најмногу одговара на неговиот апетит за ризик и можноста за преземање на ризик. За овие прашања најдобро е да се консултирате со инвестициски советник кој е обучен да ги процени вашите потреби и да го избере вложувањето кое одговара на вашиот ризичен профил. Доколку не познавате таков, добро проучите го продуктот кој го купувате и ризиците кои ги носи во себе пред да ги вложите своите средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП