10 мај, 2025
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на астрофотографии „Поглед во недоглед“

Изложба на астрофотографии „Поглед во недоглед“

astrofoto30

Трета изложба на астрофотографии, насловена „Поглед во недоглед“, ќе се одржи во Музејот на Град Скопје, во среда, во 20 часот.

На изложбата ќе бидат претставени фотографии од ѕвездени траги, ноќни пејсажи, објекти од Сончевиот систем, бројни маглини и ѕвездени јата, блиски и далечни галаксии… Фотографиите се направени од членовите на Скопското астрономско друштво на локации во Македонија и Европа во изминативе три години.

„Границата на можности на човечкото око е очигледна при набљудување на ведрото ноќно небо. Сè што можеме да видиме се неколку илјади ѕвезди, тесна магловита структура која се простира од хоризонт до хоризонт, неколку планети, а неретко и метеори и сателити. Оние кои знаат каде да погледнат, на доволно темно небо можат да видат и две соседни галаксии. Сепак, овие глетки се доволни за да поттикнат возбуда, љубопитност и желба да се посведочат промените и процесите кои нашите очи не можат да ги видат. Користејки моќни телескопи и дигитални камери, членовите на Скопското астрономско друштво доловија дел од овие глетки, кои со задоволство би сакале да ги споделиме со вас“, велат од астрономското друштво.

Доколку сакате да ја помогнете работата на Друштвото и да понесете дел од Вселената во вашиот дом, може да купите некоја од астро-фотографиите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП