22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата и монетарната политика - другите закани против политичарите во Германија

Инфлацијата и монетарната политика – другите закани против политичарите во Германија

ebanka333

Генерална закана е надвисната над традиционалните политички партии во Германија во пресрет на генералните избори во оваа година. Оваа закана не доаѓа од имиграцијата или популизмот, пишува „Bloomberg“ во своја анализа. Станува збор се инфлацијата и за ниските камати, потиснати од монетарната политика на Европската централна банка (ЕЦБ), посочува агенцијата.

Германците – и сериозни економисти, и авторите во таблоидите, одамна се незадоволни од монетарната политика на ЕЦБ. Декларираната цел за раст на инфлацијата до 2% е од корист само на „расипничките“ јужни држави во Европа. Тие можат да заземаат повеќе при пониски камати, а инфлацијата ја намалува реалната вредност на нивните долгови, пишува агенцијата.

Во вториот квартал од 2016-та година, откога се последните податоци на Евростат, Грција, Португалија, Франција, Белгија и Италија го зголемија долгот спрема БДП-то. Ова доведе до раст и на вкупниот долг на земјите од еврозоната со 204 милијарди евра на годишна основа.

Истовремено Германија, Холандија, Ирска и Финска се меѓу земјите кои ги намалуваат долговите.

Повисоката инфлација би „изела“ дел од средствата на штедачите – столбот на средната класа во Германија. Генерално германските домаќинства штедат близу 17 проценти од тековниот доход, една од највисоките стапки меѓу развиените земји. Тие држат околу 40 проценти од своите заштеди во банкарски депозити, а останатите – во осигурување на живот со кое потоа уживаат по пензионирањето.

Во декември инфлацијата во Германија скокна до 1,7% во однос на истиот период од минатата година во споредба со 1,1% за целата еврозона. Очекувањата на „Bloomberg“ се оваа година инфлацијата во најголемата европска економија да достигне 1,6% во споредба со 0,4% за целата 2016-та година. Тоа практично значи негативна камата за штедачите, односно тие губат пари.

Ова дополнително ги отежнува можностите пред главните политички партии во позадина на подемот на популистичката Алтернатива за Германија. Партијата се појави на третото место во земјата по поддршка, според податоците од последните анкети, и сигурно ќе ја користи и монетарната политика во своја полза.

Ситуацијата ги турка германските штедачи кон алтернативни инвестиции – пример имот. Тоа доведува до силен раст на цените на куќите. Иако, според Организацијата за економска соработка и развој имотите во Германија се уште потценети во споредба со приходите во земјата, а уделот на сопствениците е најнизок во Европа (околу 53%), во поголемите градови на земјата веќе се чувствува акутен недостаток на домови, кој новата градба не успева да го покрие.

За момент никој не зборува за „станбениот меур“ во Германија, но цените во поголемите градови предвидуваат темпо на раст од над 10% годишно. Истовремено конзервативните банки тешко ги прифаќаат тековните пазарни цени и финансираат се помал дел од вредноста на трансакциите при купување. Тоа им отежнува на купувачите да имаат корист од пониските камати.

Кириите исто растат брзо, особено во поголемите градови и најпосакуваните области, а тоа го ограничува населението со средни и ниски примања. Тоа нанесува дополнителен удар на партиите и на канцеларката Ангела Меркел, која неодамна коментираше дека луѓето „никогаш не живееле толку подобро“.

Оние кои имаат пари за да купат станови во Берлин, Франкфурт или Минхен, се малцинство. На политичарите им е тешко да се објасни ситуацијата на луѓето.

Германците ја толерираа монетарната политика на ЕЦБ се додека и инфлацијата беше ниска. Во моментот кога тие почнаа да губат пари, почнаа и игрите на вина во Германија, а голем дел од населението на земјата се сврте против европскиот проект.

„ЕЦБ не може да си дозволи да ја загуби довербата на Германија“, коментираше неодамна Марк Бајзе за „Sueddeutsche Zeitung“. Според него гневот на повеќе луѓе во земјата, каде што е седиштето на ЕЦБ, може да го загрози целиот европски проект.

Досега барањата на Германија за ЕЦБ се да размисли за зголемување на каматните нивоа за кои не беа слушнале. Претседателот на банката Марио Драги тврди дека Германија има заработено повеќе од монетарната политика отколку што изгубила. Овој аргумент веќе не поминува кај гласачите во земјата од средната класа. Германците всушност ја намалуваат задолженоста и не ги напуштат старите навики во поддршка на поавантуристички инвестиции, како на пример финансиски инструменти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП