3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕкстравагантниот концепт на Buick-Riviera

Екстравагантниот концепт на Buick-Riviera

rivera

Новиот концепт „Buick Riviera“ го имаше своето деби на саемот за автомобили во Шангај. Ова купе е комбинација на авангардната естетика и напредната технологија, вклучувајќи го и „plug-in“ хибридниот електирчен погон.

Ова е четврт глобален концепт кој е заеднички развиен од страна на одделението на „GM“ во Шангај и „Pan Asia Technical Automotive Center“.

rivera1

Новиот „Riviera“ модел нуди „preview“ на идниот дизајнерски јазик на „Buick“ со совршена интеграција на напредната технологија, флескибилната функција и модерната естетика. Па со ова моделот „Riviera“ започнува ново поглавје на 110 години стариот „Buick“ бренд.

rivera2

Моделот „Riviera“ е опремен со интелегентен систем за управувње на сите четири тркала, електромагнетно потпирање во екстремни ситуации.

rivera3

Иновативниот мобилен интернет систем е вграден во овој нов концепт и кој ја поддржува мрежата „4G LTE“. Концептното возило нуди информации за сообраќајот во реално време, прави „update“ кој се однесува на временските прилики, како и вести и забавни содржини, но и комуникација со другите возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП