Уделот на Американците, кои имаат свој дом, се намалува во последните три месеци од 2016-та година. Според податоците на статистиката, сопствен дом имаат 63,7 проценти од Американците. Во третиот квартал тој процент беше 63,8 отсто.
Сезонски прилагодените податоци покажуваат дека 63,5% од Американците имаат сопствено живеалиште, наспроти 63,6% од пред една година. Во однос на претходниот квартал, меѓутоа има слабо подобрување, тогаш сопствен дом имаа 63,4% од Американците.
„Одиме кон свет во кој сопственоста на имотот е желба, а на средната класа и е тешко да ја постигне“, коментира Нела Ричардсон, главен економист во „Redfin“.
Податоците покажуваат дека пазарот со недвижности во САД се подобрува. Купувањето на живеалиште сепак е тешко достижно, особено за младите семејства кои имаат да исплаќаат студентски кредити. Во прилог на тоа доаѓаат и тешкотиите за добивање на кредити, а економскиот раст доведе до поскапување на становите во земјата.
Така многу млади луѓе во САД остануваат да живеат во домот на своите родители или земаат станови за изнајмување.