28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРецепт за природен лек против кашлица за сите членови на семејството

Рецепт за природен лек против кашлица за сите членови на семејството

405094288588b893a21484899793143_v4 big

Во текот на зимските месеци настинката и кашлицата се речиси задолжителни кај секого. Наместо бројните сирупи и лековите од аптека, ви предложуваме еден домашен лек против кашлица, без нуспојави и тешкотии во желудникот, кој може да го користат и најмладите членови на семејството.

Состојки за домашен лек против кашлица

– Мед (по можност домашен)

– Црна ротквица

Постапката на подготовка за лекот против кашлица

1. Издлабете го внатрешниот дел на ротквицата.

2. Во издлабениот дел сипете мед (водете сметка дека ротквицата ќе пушти сок и затоа не ја исполнувајте шуплината до самиот врв).

3. Ставете ја ротквицата во доволно широк сад кој ќе ви послужи како тацна

4. Оставете ја да отстои преку ноќ на собна температура

5. Добиениот сируп наутро пресипете го во сад со капак.

Бидејќи медот е збогатен со соковите од ротквицата нема нуспојави, можете да го пиете по ваша желба – на секој час, по „нападот“ на кашлица и секако пред спиење, со цел да го смирите грлото. Овој сируп е погоден  за децата од најрана возраст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП