21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЕлтон Џон го подготвува мјузиклот „Ѓаволот носи Прада“

Елтон Џон го подготвува мјузиклот „Ѓаволот носи Прада“

e786d89de7461392749563359e1c2966.gallery

Британската поп мега ѕвезда Елтон Џон наскоро се враќа на њујоршки Бродвеј со мјузиклот „Ѓаволот носи Прада“, музичка адаптација на популарните роман и филм.

Елтон Џон ја напишал музиката на стиховите на Пол Радник, хуморист кој често пишува за списанието The New Yorker. Информацијата за агенцијата Associated Press ја потврди режисерот на мјузиклот Кeвин Мeкколем, повеќепати номиниран за престижната наrгада Тони. Но не прецизирал кога спектаклот ќе биде премиерно изведен на бродвејската сцена.

„Многу сум возбуден. Голем фан сум и на романот и на филмот, а голем вљубеник сум и во модниот свет. Не можам да дочекам да се фрлам на работа“, објави Елтон Џон.

Сцената на Бродвеј е злогласно тежок терен за поп и рок ѕвездите, но тоа не важи за Елтон Џон. Неговиот мјузикли „Кралот Лав“ (The Lion King), адаптација на истоимениот филм на студијата „Disney“ доживеа голем успех и е првата претстава којашто на Бродвеј заработи повеќе од милијарда долари, а успех доживеа и другиот негов мјузикл „Аида“ (Aida).

Новиот мјузикл на Џон ќе биде поставен според автобиографскиот роман бестселер на Лорен Вајсбергер „Ѓаволот носи Прада“, долгогодишна соработничка на славната главна уредничка на списанието Vogue, Ана Винтур, иако авторката никогаш не призна дека оваа била вдахновение за нејзината книга.

Три години по излегувањето на романот, во 2006 година беше снимен истоимениот холивудски хит „The Devil Wears Prada“ со Мерил Стрип и Ен Хатавеј во главните улоги, во режија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП