
Голем број од граѓаните на земјите членки на ЕУ се почесто се одлучуваат да купуваат велосипеди наместо автомобили, за кои се смета дека од 1990-та година вака лошо не се продавале.


Голем број од граѓаните на земјите членки на ЕУ се почесто се одлучуваат да купуваат велосипеди наместо автомобили, за кои се смета дека од 1990-та година вака лошо не се продавале.
Во првите три месеци од 2013-та година во земјите на ЕУ продадени се 9.7 проценти помалку автомобили во однос на истиот период во 2012-та година, а во февруари 2013-та беа продадени најмалку автомобили во ЕУ од било кој друг месец од 1990-та година, откога е започнато да се води статистика за продажбата на возила.
Во текот на 2012-та година беа регистрирани 12 милиони нови возила, а продажбата бележи пад за 8.5 проценти во споредба со 2011-та година. Според проценките се очекува и оваа година продажбата на автомобили би можела да забележи пад од пет до осум проценти во однос со 2012-та година.
Од друга страна граѓаните на ЕУ последните неколку години поради големата економска криза и зголемените месечни трошоци се повеќе се насочуваат кон купување на велосипеди, па така продажбата на овие превозни средства од 18.9 милиони во 2000-та година се зголеми на 20 милиони во 2011-та година. Со други зборови на секој продаден автомобили граѓаните купуваат скоро два велосипеди, па така во Германија во периодот од 2002-та до 2011 продажбата на велосипеди се зголеми на 50 проценти.