24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА15.000 Хрвати пред банкрот

15.000 Хрвати пред банкрот

hrvatskabankrot1

Хрватското министерство за правда работи на нацрт-законот за воведување на личен банкрот, врз основа на кој презадолжените граѓани би добиле прилика за нов почеток.

Проценките, според податоците на Министерството за правда, покажуваат дека пред личен банкрот се околу 15.000 граѓани кои не можат да ги подмират кредитните обврски, пренесуваат хрватските медиуми.

Во Хрватска, како што се наведува, дневно десет семејства остануваат без дом, а 253.000 граѓани се блокирани, бидејќи не можат да ги подмират своите обврски.

Личниот банкрот е сличен банкрот низ кој поминува и компанијата, единствено што во овој случај станува збор за поединец. Сите кои ќе прогласат банкрот, имотот и приходите ги ставаат на располагање на својот стечаен управник кој управува со нивниот имот и приходите, и воедно прави план за враќање на долговите.

Должникот најчесто задржува само дел за опстанок – обично една третина од месечните приходи, некогаш и помалку, и останува без платежните картички и можноста за ново задолжување.

Кој ќе прогласи личен банкрот не може повеќе самостојно да донесува бизнис одлуки. Прилика за нов почеток, должникот добива во рок од три до шест години, но само ако ги следи инструкциите од управникот и ако вложува напори да ги врати долговите, пренесуваат хрватските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП