20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНЛБ Тутунска банка ќе го зголеми кредитирањето микро, мали и средни претпријатија

НЛБ Тутунска банка ќе го зголеми кредитирањето микро, мали и средни претпријатија

nlb-tutunska-banka1

 НЛБ Тутунска банка за следната година планира зголемување на постојното кредитно портфолио, со посебен акцент на кредитирање на микро, малите и средни претпријатија и населението, за што веќе е направено олабавување на каматните и кредитните услови, соопшти денеска банката.

Според резултатите објавени на Годишното акционерско собрание, НЛБ Тутунска банка  во 2012 година оствари нето добивка од 8,1 милион евра, повратот на капиталот РОЕ е 10,1 процент, билансната актива е 968 милиони евра, а нивото на нефункционални пласмани е 7,6 проценти.

На крајот на 2012 година, вкупните кредити изнесуваат 556,4 милиони евра, од кои 289,4 милиони се пласирани кај стопанството, а кај населението 267..

На Собранието на акционерите, трета година по ред, е одлучено целата остварена добивка од 2012 година, да се реинвестира во резервите на Банката, со што се овозможува понатамошен раст на кредитните активности, висока ликвидност и висока адекватност на капиталот од 15,32 проценти, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП