19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБоуви и Коен постхумно номинирани за Brit Awards

Боуви и Коен постхумно номинирани за Brit Awards

album-afterdeath-1

Дејвид Боуви може постхумно да добие две награди Brit Awards кои традиционално им се доделуваат на најдобрите британски и странски музичари во Лондон, откако во саботата неговото име се појави во потесниот избор за овие престижни награди кои ќе се доделуваат на свечената церемонија следниот месец.

Дејвид Боуви, кој почина на 10-ти јануари 2016 година, е номиниран во категоријата најдобар британски музичар заедно со Крег Дејвид, Скепта и Мајкл Киванука. Во потесен избор е и за најдобар британски албум на годината за „Blackstar“ кој беше издаден на неговиот 69-ти роденден и два дена пред неговата смрт.

Меѓу пеете номинирани во категоријата најдобар меѓународен музичар е неодамна починатиот канадски кантавтор Леонард Коен. Конкуренција му се Бон Ивер, Бруно Марс, Дрејк и The Weeknd.

Свеченоста на доделувањето на наградите ќе се одржи на 22-ри февруари во големата лондонска „О2“ арена, а домаќин на вечерта ќе биде канадскиот пејач Мајкл Бубле.

Наградата во категоријата за најдобар британски музичар Дејвид Боуви ја освои во 2014 година. Тогаш во говорот, кој поради неговата отсутност го прочита манекенката Кејт Мос, ја повика Шкотска да остане во Обединетото Кралство.

Британската музичка индустрија и минатата година на свеченоста на доделувањето на Brit Awards му одаде почест на покојниот Боуви. Неговиот пријател, актерот Гери Олдмен, ја прими наградата Brit Icon во име на покојниот пејач и неговото семејство.

„Дејвид, беше смртен, но твојот потенцијал беше натчовечки, а твојата музика и натаму живее“, рече тогаш Олдмен.

Пејачката Ени Ленокс рече дека Боуви, кој почин месец претходно од рак, бил вистински визионер и иконокласт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП