26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТуре си заминува од Сити

Туре си заминува од Сити

Portugal Soccer Europa League

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Коло Туре објави дека одлучил да си замине од клубот на крајот на сезоната. Тој исто така потврди дека не добил понуда за нов договор од раководството на „граѓаните“ и со тоа мораше да се помири со фактот дека не е посакуван на „Етихад“. Тој сепак се надева дека ќе ја продолжи кариерата во друг тим од Англија.

„Тука сум речиси четири години, од кои две беа прекрасни. Играв редовно заедно со брат ми Јаја. Ќе ми недостигаат многу нешта кога ќе си заминам. Семејството ми е тука, моите деца одат на училиште и ми се допаѓа градот. Во последните два месеци, сепак никој од раководството не ме контактираше и мислам дека е време да почнам да размислувам за мојата иднината далеку од клубот. Претпочитам да останам во Англија, бидејќи тука ми се допаѓа фудбалот. Токму тој ме натера да почнам да се занимавам со овој спорт и поради тоа во Англија сум веќе десет години”, изјави Туре.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП