17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонски автори во антологија на европскиот расказ

Македонски автори во антологија на европскиот расказ

pexels-photo-46274
Неодамна, во неколку балкански градови беше промовирана антологијата на европски раскази со наслов „Дарови на европскиот расказ“.

Според зборовите на приредувачот Здравко Кецман, „Дарови на европскиот расказ“ претставуваат слика на Европа, како посебен културолошки континент. Во антологијата се застапени педесетина автори од повеќе европски земји: Англија, Чешка, Франција, Црна Гора, Израел, Унгарија, Македонија, Германија, Италија, Полска, Русија, Словенија, Словачка, Србија и Украина, како и ромски автори.

Македонските автори коишто се застапени во оваа антологија се Славчо Ковилоски, Ранко Младеноски и Христо Петрески. За македонскиот расказ, приредувачот Кецман ја истакнува поврзаноста со светите браќа Кирил и Методиј. Притоа, тој истакнува дека „и современите писатели негуваат цврста врска со митот, легендата и традицијата во поширока смисла, јазикот им е моќен, еруптивен, со силни чувства и сетила. Таа поврзаност ги држи и со преостанатите балкански народи“.

Екипата која ја реализираше оваа вредна книга се состои од: Здравко Кецман како главен и одговорен уредник и приредувач, оперативен уредник Марија Грбиж и редакциски одбор: Ева Липска (Полска), Фиона Сампсон (Англија), Јуриј Нипочоренко (Русија), Бисерка Рајчиќ (Србија), Миленко Стојичиќ (Република Српска, Босна и Херцеговина), Марија Грбиќ (РС/БиХ, Словенија), Јуриј Худолин (Словенија).

На крајот на антологијата се објавени библиографски податоци на застапените автори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП